За Нас

Атеље Ава

За нас

Атеље Ава е компанија специјализирана за планирање, декорација и професионално амбиентално осветлување на венчавки и секаков вид на настани. Основана уште во 2000 година, денес располагаме со широк асортиман на декоративни производи и материјали со кои можеме да одговориме на Вашите барања и да го постигнеме ефектот кој сте го замислиле. Во консултација со нашиот тим одберете го стилот на декорација и испланирајте го секој детал внимателно. Услугите кои ги нудиме вклучуваат планирање, организирање, комплетна декорација на салата, декорација на домот, декорација на возилото на младенците, декорација на црквата и целосно осветлување на салата со дополнителни ефекти за целото времетраење на свадбата.
Исто така, нашиот тим Ви стои на располагање со комплетен протокол во текот на целиот ден на свадбата.

 

Од неодамна, во асортиманот на услуги кои ги нудиме, вклучивме и достава на цвеќе на локација по Ваша желба. Доколку сакате да изненадите Ваша драга личност, контактирајте не, а ние Ви гарантираме брза и квалитетна услуга.

Љубов

Љубовта е нашата најважна состојка во планирањето и декорирањето на Вашите свадби и настани. Дозволете не да Ви помогнеме во отстваруњето на Вашата уникатна замисла.

Стил

Нам, стилот ни е важен колку и Вам. Ние сакаме да ја испланираме и декорираме Вашата свадба како би била рефлекција на вашата личност.

Вечно

Вашата свадба е ден на кој вечно ќе се сеќавате. Заедно можеме да ја направиме Вашата перфектна венчавка.

Снежана Трајковиќ

Снежана е основач на Ава Атеље со долгогодишно искуство во декорација и организирање на настани. Креативноста со која располага и овозможува да го направи секој настан декориран на поразличен начин од претходниот.

Снаодливоста и овозможува правилно да реагира во стресни ситуации што ја прави совршен организатор на настани како што се свадбите. Во 2009 година, ја проширува специјалноста на својата компанија со воведување на амбиентално осветлување, со што успева да одговори на барањата на клиентите за целосна услуга на само едно место. Од оваа година нејзината компанија започнува и со продажба на свежо цвеќе и вршење на достава на цвеќе на територијата на цела Македонија.